Плакат за третото издание на „Credence Dance“

Вечери на класичен и на современ танц носи третото издание на фестивалот „Креденце данс“

Третото издание на фестивалот „Credence Dance“ почнува на 16 јуни, а ќе трае до 21 јуни со програма конципирана тематски со Вечери на класичен балет и Вечери на современ танц. Фестивалот оваа година има и дополнителна програма која ќе се состои од работилници и трибини.

На програмата се фрагменти од бисерите на класичното наследство „Лебедово езеро“, „Рајмонда“, „Копелија“, „Дон Кихот“, „Силфида“ и други. Освен тоа во делот на модерниот и современиот танц премиерно ќе бидат изведени дела на Игор Киров, Бојан Мицов, Џонс Хинг, Франциско Руиз и Јована Петровска, кои кореографите наменски ги подготвија за фестивалот.

Овогодинашниот фестивал „Credence Dance“ ќе понуди ексклузивни гости од Кина, САД, Италија, Франција, Германија, Велија Британија итн. Ова е исклучителна и ретка можност да се видат овие уметници на домашна сцена.

Во рамки на фестивалот традиционално ќе биде врачена Наградата за трајни вредности во танцовата уметност. Настанот се одржува во Националната опера и балет.

Фестивалот се одржува во организација на Факултетот за музичка уметност – Скопје со поддршка од Министерството за култура и туризам и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Влезот на настаните е слободен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот