Фото: EPA/JOZEF JAKUBCO

Вчерашната сензација на Словачка ги потсети Германците на шокот кој им го приредивме среде Дуизбург

Репрезентацијата на Германија вчера со поразот од Словачка на гостински терен доживеа вистински шок на стартот од квалификациите за Светскотo првенство, а првпат во својата историја Германија се соочи со пораз на гостински терен во едни мундијалски квалификации.

Низата на Германија траеше неверојатни 52 натпревари уште од 1934 годна кога Германија првпат учествуваше во квалификации.  Селекторот Јулијан Нагелсман не го криеше разочарувањето, не толку поради резултатот, туку поради пристапот на играчите.

„Секако дека сакаме да одиме на Светското првенство, но со ваква игра тоа не го покажавме. Немаше емоции, а противникот во тој дел беше километри пред нас. Сакам да видам страст, борба. Можеби не треба да ги селектирам најдобрите играчи, туку оние за кои сум сигурен дека ќе го дадат срцето на теренот“, изјави Нагелсман по натпреварот.

Исто така овој пораз Германците ги потети и на нашата сензација која ја приредивме во Дуизбург кога ја победивме Германија со 2-1 во 2021 година, исто така во квалификациите за Светско првенство. Стрелци тогаш беа Горан Пандев и Елиф Елмас. Првиот пораз беше на 16 октомври 1985 година во Штутгарт, кога тогашна Западна Германија загуби од Португалија со 0:1, по голот на Карлуш Мануел од Бенфика.

Германија во квалификациите на свој терен загубила само уште двапати и тоа од Англија во 2001 година и Португалија во 1985 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот