Папата Лав IV/Фото: Maria Grazia Picciarella / Zuma Press / Profimedia

Ватикан: Принципите на Католичката црква за бракот и сексуалноста се непроменети, изјави папата Лав IV

„Малку е веројатно дека принципите на Католичката црква ќе се променат во блиска иднина, во однос на бракот и сексуалноста“, нагласи папата Лав XIV . Неговата изјава е содржана во книга, која содржи интервју со папата и е објавена денес во Перу.

Папата Лав, сепак, појасни дека „Католичката црква останува отворена за сите, како што рече папата Франциск“.

„Веќе се осврнав на бракот, како што правеше Франциск кога беше папа. Се осврнав на бракот како на семејство составено од маж и жена, со свечена обврска и со благослов на таинството на бракот “ , додаде Лав.

Тој исто така објасни дека не смета дека е можно да им се дозволи на жените да служат во Римската црква како ѓакони.

Папата Лав IV, кога беше прашан за драматичната ситуација во Газа, одговори дека „зборот геноцид се користи сè почесто “, но додаде дека „официјално Светата столица смета дека во овој момент не може да се даде никаква релевантна изјава“.

Според Светиот Отец на католиците, „иднината ќе биде многу тешка, особено за децата, кои страдаат поради сиромаштија и глад“.

Според италијанскиот печат, изјавите на папата во врска со семејството и сексуалноста се директна референца на ЛГБТКИ + заедницата и нејзиниот однос со Римокатоличката црква. Се потсетува дека на 6 септември, организациите на католички ЛГБТКИ + верници организираа поклонение во базиликата „Свети Петар“ по повод Светата година што оваа година ја прославуваат католичките парохии низ целиот свет.

Вчера, во средата, конечно, конзервативниот германски кардинал Герхард Милер изјави дека „Бог, врз основа на книгата Битие, го благословил бракот меѓу маж и жена“ и дека „гревот не може да биде благословен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот