
Ватерполо класика во Париз: Хрватска против Србија за олимпиското злато
Хрватските ватерполисти се пласираа во финалето на Олимписките игри откако во Париз ја совладаа селекцијата на Унгарија со резултат 9:8 (3:3, 2:4, 2:2, 1:0).
Препорачано
Хрватите на тој начин обезбедија меч за златниот медал против ватерполистите на Србија, кои претходно ја совладаа селекцијата на САД со 10:6.
„Коцкестите“ до победата беа предводени од Лорен Фатовиќ, кој постигна пет гола, а особено се истакна голманот Марко Бијач, кој мечот го заврши со 11 одбрани.
По почетното водство на Хрватска, Унгарците успеаја да го свртат резултатот и да поведат со 3:1, но до крајот на првата четвртина успеа да го стигне заостанувањето со головите на Фатовиќ.
??✍️ | It all comes down to Croatia ?? and Serbia ?? in the Olympic #Waterpolo gold-medal final!#EuropeanAquatics | #Paris2024 #Olympicshttps://t.co/oQxlsOwNVR
— European Aquatics Water Polo (@Euro_Waterpolo) August 9, 2024
Се играше гол за гол сѐ додека Букиќ и Фатовиќ не се погрижија Хрватите да имаат два гола предност, која ја одржуваа до последниот дел.
Во него клучна улога имаше одбраната, па видовме само еден гол и тоа во хрватската мрежа, но голманот Бијач бранеше сѐ освен тоа, поради што беше еден од најзаслужните за триумфот на Хрватска.
Финалето на Олимписките игри во ватерполо меѓу Хрватска и Србија е закажано за в недела во 14.00 часот.