Оливер Вархељи, Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Вархељ: Членките на ЕУ одобрија примена на нова методологија за Србија и Црна Гора

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељ објави денеска дека државите членки на ЕУ одобриле примена на нова, ревидирана методологија во пристапните преговори со Србија и Црна Гора.

„Многу сум задоволен што државите членки дадоа зелено светло за примена на нашата ревидирана методологија во процесот на проширување на ЕУ за Србија и Црна Гора, откако и двете земји прифатија“, напиша Вархељ на Твитер.

Тој додаде дека целта на новата методологија е да го направи „процесот веродостоен, предвидлив, динамичен и со силно политичко управување“.

Новата методологија, која на крајот на 2019 година ја предложи Франција за зголемување на ефикасноста на процесот, првенствено е наменета за Македонија и Албанија, кои се уште не ги отворија преговорите со ЕУ за членство.

Србија и Црна Гора, кои преговараат со ЕУ, можеа да бираат дали ќе се префрлат на новата методологија или не, по што и двете се одлучија за новиот режим.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот