Фото: ФК Вардар

Вардар се засили со фудбалер кој играл во француската Лига 1!

Екипата Вардар го официјализираше ангажманот на ново странско засилување, 27-годишниот Варен Тчимбембе, кој во редовите на „црвено-црните“ доаѓа како слободен играч по истекот на договорот со француски Мец.

Станува збор за дефанзивен играч за врска со богато искуство во францускиот фудбал. Покрај настапите за Мец, Тчимбембе во својата кариера ги бранеше и боите на Троа и Генгамп, а играше и во Шпанија, во редовите на Мирандес.

Вкупно во кариерата во најсилната француска Лига 1 има 24 настапи. Исто така одигра и три натпревари за репрезентацијата на Конго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот