Фото: KF Shkëndija

Вардар, па сега Шкендија: Македонски клуб првпат по осум години ќе игра во Шпанија

По осум години пауза, македонскиот клупски фудбал конечно доби свој тим во една главна фаза од европско натпреварување. Шкендија вечерва ќе го одигра својот прв натпревар во лигашката фаза од едно европско натпреварување,  Конференциската лига. Ривал на тетовци ќе биде шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано, а натпреварот се игра во Мадрид со почеток во 18:45 часот.

Ова е првпат по 2017 година македонска екипа да настапи во главната фаза од европска конкуренција. Последен пат тоа го направи Вардар, кој тогаш во Лига Европа двапати се соочи со Реал Сосиедад и загуби убедливо на двата натпревари, 0:6 во Скопје и 3:0 во Сан Себастијан. Пред Вардар, уште еден македонски тим се сретнал со шпанска екипа, Пелистер во 2000 година беше елиминиран од Селта со вкупни 5:1 (3-0, 2-1).

За Шкендија ова е историски натпревар, а за тоа е свесен и тренерот Јетон Беќири.

„Ни претстои важен натпревар, и за клубот и за сите што се вклучени во него. Деби во групна фаза од Конференциска лига, и тоа против екипа од една од најсилните лиги во светот – шпанската Ла Лига. Рајо Ваљекано има силен и агресивен тим, играат модерен фудбал, а атмосферата на нивниот стадион е секогаш посебна. Ние ќе се обидеме да го дадеме максимумот и да ја оправдаме честа што ја имаме – рече Беќири на прес-конференцијата во пресрет на мечот.

Според најавите во Шпанија, Шкендија ќе има поддршка од околу 200 навивачи.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот