Фото: ФК Вардар

Вардар и во наредната година ќе добие еден милион евра од главниот спонзор

Oд редовите на Вардар денеска ја потврдија соработката со „Новоматик“ кој ќе продолжи да го финансира клубот и во наредната година со идентична сума како и во изминатата година од еден млион евра.

Со договор за значителна финансиска поддршка Новоматик Македонија и во следната фудбалска сезона останува генерален спонзор на ФК Вардар. Продолжувањето на договорот беше официјализирано на прес конференција на која присуствуваа претставници на менаџментот на Новоматик Македонија, менаџментот на ФК Вардар, капитенот Горан Закариќ, како и други членови на корпорацијата и клубот. 

„Денес, заедно со капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ, објавуваме дека спортската бајка продолжува! И во следната фудбалска сезона Новоматик Македонија и ФК Вардар го продолжуваат договорот за генерално спонзорство во вкупна вредност од дополнителни 1 милион евра. Наша заедничка цел останува да придонесеме во градењето на силен спортски колектив кој ќе биде предводник на новата ера успеси на македонскиот спорт“, изјави на прес конференцијата по повод продолжувањето на договорот, г-динот Петар Пенчев претставник на менаџментот на Новоматик Македонија.

 

Од Новоматик Македонија велат дека одлуката за продолжување на договорот за соработка е донесена бидејќи ФК Вардар не е само спортски клуб туку симбол на македонскиот идентитет и успешен национален амбасадор.  Капитенот Закариќ од име на клубот, играчите и стручниот тим ја поздрави одлуката на Новоматик Македонија нагласувајќи дека поддршка на компанијата претставува и директна поддршка на заложбите за здрава и просперитетна младина. 

„Младите секогаш гледаат пример во професионалните спортисти и се идентификуваат со нивните индивидуални и колективни спортски успеси. Затоа, секоја компанија која инвестира во спортот, всушност инвестира во здрава и просперитетна младина. Импресивни се заложбите на Новоматик Македонија да го поддржи плановите на спортскиот колектив и актуелниот клупски менаџмент за обнова на спортското реноме на ФК Вардар. Како капитен сакам да ја уверам јавноста дека сите фудбалери продолжуваат да го даваат својот максимум за да ги оправдаат очекувањата“, истакна капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ.

Фото: ФК Вардар

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот