Фото: РК Вардар

Вардар го дозна и последниот противник во групата од Лигата на Европа

Ракометарите на Вардар го дознаа и последниот протвник  во новата сезона од групната фаза во Лигата на Европа, тоа ќе биде хрватскиот тим Сесвете, кој обезбеди пласман со убедлива победа над Дуго Село во реванш натпреварот (35-22), и покрај поразот во првиот меч (29-32).

Покрај Сесвете, црвено-црните во групат  ќе се соочат уште со францускиот Тулуз, како и со шведскиот претставник Кристијанштад.

Според веќе објавениот распоред, Вардар ќе ја отвори сезоната на домашен терен, каде на 14 октомври ќе го пречека токму тимот од Сесвете.

Вардар 1961 со победнички старт во Супер лигата, Јапонецот Кавада прв стрелец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот