facebook.com/ihf.info/

Вардар без финале на „Супер Глоуб“

После триумфот во четвртфиналето над Ал Мудхар, денеска во полуфиналната пресметка на неофицијалното Светско клупско првенство Вардар загуби од тимот на Кил со 30:34.

Израмнето гол за гол се играше во првите седум минути од натпреварот, а Кил беше екипата која успеа да поведе прва со два гола разлика (3:5), но бргу се вратија „црвено-црните преку Скубе и Шишкарев, за резултатот повторно биде израмнет на 5:5 во деветтата минута од дуелот. На голот имаше промена од првиот меч, така како стартер започна Калифа Гедбан. Гледавме брза игра од страна на противникот, додека Вардар играше мирно во нападот.

Со голот на Чупиќ во 14 минута, резултатот на семафорот повторно беше израмнет (8:8), додека Горбок успева со својот прв гол да му донесе водство на Вардар од 10:9, откако го погоди празниот гол на Кил.

Гледавме период од пет минути во кој Вардарци се одлепија на три гола, откако Гедбан стигна и до својата четврта одбрана, неговите соиграчи го наградуваат тоа и со голот на Горпишин, за прв пат имавме позитива од три гола разлика (14:11).

Но, предноста брзо се стопи, беа дозволени два лесни гола и тоа во контра-напад, додека во нападот играчите на Писонеро решение, а Кил скоро во секој свој напад казнуваше за егал 14:14. Дибиров ја врати предноста, но Билик беше нерешлива енигма за одбраната на Вардар, едноставно беше незапирлив, Германците влегоа во серија од 0:3 и поведоа со 15:17. Оваа позитива ја задржаа и до крајот на првиот дел, кога на одмор се замина со резултат 17:19.

facebook.com/ihf.info/

Вардар не делуваше баш најдобро во одбраната, додека во нападот како да беше „прочитан“, па тешко му беше да ја пробиеме дефанзивата на популарните „зебри“.

Не успеа нашиот претставник да реализира пенал и да намали на само гол негатива, затоа Кил преку Ландин (кој после мечот беше прогласен за најдобар играч) казнува за нова позитива од три гола разлика. Во вториот дел не беа искористени два пенали преку Чупиќ, односно Ландин ги брани неговите удари, а противникот како „машина“ само ја полнеше мрежата на вардаровите голмани, со голот на Екберг веќе стигна до убедливи 20:26. Натпреварот излезе од контрола за Вардар, Ландин стигна и до својата осма одбрана, а Кил имаше водство од 20:29 во 45 минута.

Полека се наѕираше победникот на овој полуфинален дуел, „црвено-црните“ не реализираа многу зицери, а Кил одржуваше голема предност. Се обидуваа да намалат, но големо беше водството на Кил, па едноставно победникот беше решен. До крајот само успеаја да намалиме и завршат со достоен пораз.

Најдобри стрелци во Вардар беа Дибиров, Чупиќ и Шишкарев со по пет голови, а на спротивната страна девет голови беа дело на Билик, шест запиша Екберг.

Вардар: Кукуловски, Димитриоски, Кристпнас 3, Сикошек Пелко 3, Дисингер 2, Атман 2, Скубе 2, Гедбан, Чупиќ 5, Дибиров 5, Горбок 1, Шишкарев 5, Горпишин 2, Кугис, Кизиќ.

Останува уште борбата за третото место на турнирот, Вардар го чека поразениот од средбата Барселона (Шпанија)-Ал Вахда (Саудиска Арабија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот