
ВАР повторно направи хаос во Премиер лигата, Ливерпул за влакно остана без победата
ВАР технологијата повторно ја имаше главната улога во Премиер лигата, овој пат на дерби натпреварот од петтото коло помеѓу Евертон и Ливерпул завшри без победник 2:2.
Натпреварот заврши без победник поради ВАР технологијата која им поништи гол на „црвените“ во судиското продолжение поради милиметарски офсајд, а во првото полувреме исто така на Ливерпул не му беше досуден пенал, и овие моменти кои дефинивитно ќе ја возбудат јавноста.
Препорачано

Ливерпул поведе со голот на Садио Мане уште во третата минута, а ВАР технологијата стапи на сцена амо неколку минути подоцна и го оштети Ливерпул.
Имено, Ван Дајк се најде во шанса за гол, а голманот на Евертон, Пикфорд со лизгачки старт го повреди Холанѓанецот кој потоа мораше да ја напушти играта, а заслужи црвен картон. Но, од ВАР собата му сугерираа на судијата Мајкл Оливер дека Ван Дајк се наоѓа во милиметарски офсајд по што и Пикфорд се спаси од исклучување.
Somehow, Pickford hasn’t been sent off for this.
Van Dijk has been replaced by Gomez. pic.twitter.com/WMzWl6uOGj
— Fantasy Hub (@FantasyFootyHub) October 17, 2020
Евертон набрзо израмни на 1:1 преку Мајкл Кин. Во второто полувреме Ливерпул повторно доаѓа во предност благодарение на голот на Мохамед Салах во 72. минута, додека Евертон израмнува само девет минути подоцна преку Доминик Калверт-Луин.
Во судиското продолжение, „црвените“ постигнаа гол за водство од 3:2 преку Џордан Хендерсон, но ВАР системот повторно одлучи дека станува збор за офсајд, односно асистентот Садио Мане бил во милиметарски офсајд и го поништи голот на Ливерпул.
