фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Вања Милинковиќ-Савиќ официјално потпиша за Наполи

Српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ стана нов член на фудбалскиот клуб Наполи, актуелниот шампион на Италија со кој потпиша договор на четири години.

Преговорите меѓу Торино и Наполи траеја долго време, а од Неапол сега официјално го потврдија трансферот на социјалните мрежи.

Помладиот од браќата Милинковиќ-Савиќ ќе ја продолжи кариерата во Наполи, кој ќе му плати на Торино 21 милион евра отштета.

Исто така, постојат одредени бонуси што шампионот на Серија А ќе мора да им ги исплати на „Биковите“ доколку чуварот на мрежата брани најмалку 70 проценти од натпреварите следната сезона.

Покрај 21 милион евра, Наполи ќе го испрати и Сирил Нгонгу во Торино на едногодишна позајмица, што ќе го направи нападот на „Биковите“ значително поопасен во сезоната што претстои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот