
Вандализам на улицата „Орце Николов“: Искршени столпчиња за да се направи место за паркирање
Колку се некои граѓани несовесни и колку не се грижат за општото добро, може да се види од она што се случува на улицата „Орце Николов“. На оваа улица која беше целосно реконструирана пред неполни две години, „итрите“ граѓани извадиле и искршиле дел од заштитните столпчиња за да си обезбедат повеќе место за паркирање или, можеби, столпчињата кои ја одвојуваат велосипедската патека им пречеле при возење.
Препорачано

На ова реагираше и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Глетката на оштетени столпчиња и урбана опрема ужаснува и ова вандалско однесување е за секоја осуда. Овие столпчиња се од безбедносен карактер и има причина зошто општината ги поставила токму таму – вели Герасимовски.
Градоначалникот апелираше до граѓаните да бидат совесни и да се однесуваат одговорно кон урбаната опрема, затоа што таа е јавно добро и им служи на сите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
8час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5