фото: Федор Обмайкин (БК "Локомотив-Кубань")

Валенсија спогодбено го раскина договорот со Ненад Димитријевиќ

Валенсија Баскет денеска ја информираше јавноста дека спогодбено се раскинати двете сезони кои преостанаа од договорот со Ненад Димитријевиќ, па шпанскиот кошаркарски клуб се раздели со македонскиот репрезентативец.

Нашиот плејмејкер потпиша за Валенсија Баскет во летото 2021 година од Хувентуд Бадалона и во сезоната 2021-22 одигра 33 натпревари со просек од 8,4 поени, 1,5 скок и 3,9 асистенции за 7,8 индекс за нешто повеќе од 18 минути по натпревар.

Во сезоната 2022-2023 играше на позајмица во руската екипа Уникс Казан со која имаше одлични игри и со тимот успеа да ја освои титулата во ВТБ лигата.

Во истото натпреварување Димитријевиќ беше прогласен за најкорисен играч (МВП).

Шпанците му се заблагодарија на Македонецот за покажаниот труд и професионализам додека го бранеше дресот на Валенсија Баскет и му посакуваат сè најдобро во иднината, како на професионален така и на личен план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот