Трамп / ЕПА

В понеделник почнува судењето на Трамп

Судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе почне в понеделник пред Окружниот суд на Менхетен во Њујорк, што е прво судење на американски претседател во историјата под обвинение за кривично дело.

Не се знае дали Трамп ќе присуствува на првото рочиште, но се очекува тој да се појави пред судот во Њујорк во овој процес, додека води кампања за претседателските избори во ноември, пренесе АП.

Во овој процес треба да сведочи поранешниот адвокат и соработник на Трамп, Мајкл Коен. Коен претходно призна дека постоела шема за плаќање на порно актерката Сторми Даниелс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот