
Ужасна трагедија: Четиригодишно девојче се удави во базен во Грција, ќе го погребаат на роденденот
Девојче од Албанија се удавило на базен на грчкиот остров Паксос, откако под непознати околности отишло само во вилата оддалечена околу 500 метри од неговиот дом, јавија албанските медиуми. Родителите го пријавиле девојчето како исчезнато, но само по околу еден час тие ја дознале страшната вест.
Препорачано
Девојчето ќе биде погребано денеска, на денот на кој требало да го прослави својот четврти роденден.
„Родителите сè уште не разбираат како излегла од дворот и влегла во таа вила. Детето очигледно сакало да си игра…“, изјавил градоначалникот на Паксос, Спирос Влахопулос.
Полицијата ги однесе родителите и дедото на девојчето на сослушување, а тие подоцна беа ослободени.
Бабата вели дека е во целосен шок.
„Очајна сум, полицијата ги однесе мојот сопруг, ќерката и зетот во Обвинителството. Во шок сум, сама сум, сакам да умрам“, рекла несреќната баба.
Роднините на семејството велат дека малото девојче си играло во ходникот покрај влезната врата од куќата, кога одеднаш исчезнало. Според нив, тоа било само можеби една минута.
Родителите и дедото се обвинети за загрозување на безбедноста на малолетно лице, и иако биле ослободени по сослушувањето, им е забрането да ја напуштат земјата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
10мин
-
11мин
-
13мин
-
15мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5