Полицајци во Босна / фото: профимедиа

Ужас во Босна: Човек се самозапали на паркинг, огнот зафатил и полицаец кој дошол да помогне

Во местото Било кај босанското гратче Витез утринава при интервенција на полицијата млад човек се самозапалил и притоа запалил полицаец, јавуваат локалните медиуми. И двајцата се здобиле со изгореници.

Г.Б.(32) се посипал со запалива течност на паркингот на ресторан во селото, а кога полицаецот му пришол и се обидел да го спречи, го посипал и него, по што ја чкрапнал запалката, објави порталот „Аваз“.

Двајцата се здобиле со тешки изгореници и биле пренесени во болница.

По инцидентот, Г. Б. бил уапсен и против него се преземаат мерки и дејствија пропишани со закон, изјави за „Аваз“ Хасан Хоџиќ, портпарол на МВР на Централнобосанскиот кантон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот