Фото: Славчо Поповски / Фејсбук

Утре ќе има опасност од невреме, најавени се силни дождови и ветришта

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 л/м²) и засилен ветер (над 60 км/ч).

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме. Температурата во македонската престолнина ќе се движи од минимални 16 до максимални 31 степени.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во сабота повторно ќе има услови за нестабилност. И во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси, прогнозираат метеоролозите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот