уставен суд / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Уставен суд утре ќе расправа за измените на Кривичниот законик од 2023 година

Уставниот суд утре на седница ќе расправа за оспорениот Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Подносител на иницијативата е Павле Трајанов.

– Подносителот наведува дека оспорените законски измени се спротивни на владеењето на правото, заштитата на правото на сопственост и еднаквоста која ја промовира Уставот. Во иницијативата е наведено дека со овие измени една категорија граѓани се привилигирани, наспроти правосилно осудените лица кои добиваат дискриминаторски третман и за нив не важи намалувањето на казните – велат од Уставен суд.

Од Министерството за правда соопштија дека е изготвен новиот Кривичен законик (КЗ) и е доставен на мислење до Европската комисија (ЕК).

Правда подготвила нов Кривичен законик, испратен е на мислење во Брисел

Измените на Кривичниот законик беа донесени во 2023 година и предизвикаа многу реакции, особено оние за намалување на казните за злоупотреба на службена положба при јавни набавки.

Препораката на ЕК за носење на нов Кривичен законик, „најматен“ настан за октомври според Транспаренси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот