Фото: РК Еурофарм Пелистер

Уште еден висок пораз за Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер претрпе уште еден висок пораз во Лигата на шампионите, сега од дански Алборг на гостински терен (38:23).

Почетокот за Еурофарм Пелистер ветуваше бидејќи поведе со 3:1 и 4:2, но потоа Алборг се стабилизираше и брзо направи предност од осум гола, па на полувремето веќе беше јасно кој ќе слави. Во вториот дел Алборг продолжи со исто темпо и само ја зголемуваше предноста.

Ниту еднаш во продолжение македонскиот претставник не успеа да се доближи, па само прашање беше со колкава разлика „пелистерци“ ќе бидат порази. Алекс Влах беше најефикасен со седум гола, додека Микел Хансен постигна пет. Во редовите на Еурофарм Пелистер, Павле Петровиќ беше најрасположен со седум гола.

За Еурофарм Пелистер ова е втор пораз во елитата, по домашниот против Колштад минатата недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот