Уште еден проблем за Лазаров: Се повреди и Јагуриновски

Македонската ракометна репрезентација се соочи со нови главоболки пред почетокот Европското првенство што во јануари следната година ќе се игра во Шведска, Норвешка и Данска. Средниот бек Томислав Јагуриноски заработи посериозна повреда и ќе отсуствува од терените во следните два до три месеци.

Повредата се случила за време на подготовките со неговиот клуб Десау Рослер, а од германскиот тим потврдија дека станува збор за тежок проблем што бара подолг период на опоравување и рехабилитација.

Оваа вест сигурно не му оди во прилог на селекторот Кирил Лазаров, кој во овој момент поради повреди не може да смета и на Марко Митев, Никола Костески и Милан Лазаревски. Со повредата на Јагуриноски, македонскиот стручен штаб добива нова грижа во пресрет на најважниот турнир во 2025 година.

Ако се остварат медицинските прогнози, Јагуриноски би можел да се врати на терените непосредно пред почетокот на шампионатот, што значи дека ќе има многу малку време да влезе во посакуваната форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот