Фото: илустрација

Уште еден паркиран автомобил изгоре рано наутро во Скопје

Околу 4 часот утрово, жител на Скопје пријавил во полиција дека изгорел негов автомобил, паркиран во двор од куќа во општината Гази Баба, соопшти МВР.

„Денеска (28.09.2025) во 03:59 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар во возило „фолксваген транзит“, сопственост на С.К.(31) од Скопје. Повредени нема, а пожарот бил локализиран од таткото на сопственикот. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Во изминатите месеци во Скопје имаше десетици вакви случаи, во кои доцна навечер се палат автомобили. Минатата недела на првиот човек на скопската општинска организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски, му беше запален автомобилот, а неколку дена подоцна, изгоре и џипот на негов пријател кај „Шампионче“ во Кисела Вода.

Галетановски предлага комшиски ноќни стражи: „Ноќеска на другар му го запалија џипот на ист начин“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот