Фото: Borussia Dortmund

Уште еден циркус на Светското клупско првенство: Резервите на Борусија натпреварот го гледаа од соблекувална

Клупскиот Мундијал во САД сè повеќе наликува на организациска катастрофа, а последниот скандал дојде од Синсинати, каде што Борусија Дортмунд беше приморана да го започне натпреварот против Мамелоди без ниту еден фудбалер на резервната клупа.

Причината? Невозможно високите температури на стадионот, кои го натераа тренерот Нико Ковач и неговиот стручен штаб буквално сами да седат покрај теренот, додека сите резервни фудбалери беа во соблекувалната.

„Нашите замени гледаа од соблекувалната, сонцето беше пресилно. Никогаш досега не сме доживеале вакво нешто, но во вакви услови, ова беше единствено логично решение“, соопштија од клубот преку социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од соблекувалната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот