Клиника за респираторни заболувања кај децата Козле / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Уште 12 пациенти од пожарот се на болничко лекување дома и во странство, еден е во тешка состојба

Од повредените во пожарот во кочанската дискотека уште 12 се на болничко лекување дома и во странство, од кои еден е сѐ уште во тешка состојба, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски, на денешната трибина во Владата, „Кочани е наш приоритет“.

„Состојбата со повредените во трагичниот пожар во Кочани постојано се следи, има напредок во нивното лекување што се спроведува во домашните болници, а државата има капацитети да одговори на потребите за понатамошен третман“ рече Клековски.

Според официјалните податоци, од 200 повредени, 187 биле регистрирани на болничко лекување, од кои 116 во странство, а 71 во Македонија.

Од петмината останати на лекување во Македонија, тројца се на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, тоа се пациенти кои се вратени од странство, и двајца се во „Аџибадем Систина“.

Клековски: Рехабилитацијата за Кочани е процес без крај, но ние сме супериорно подготвени да ја изведеме во Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот