фото: ffm.mk

Управен одбор: Леонид Јандреоски нов генерален секретар на ФФМ

Секој клуб од Првата македонска фудбалска лига ќе добие по 150.916,00 евра од солидарна шема, стои на официјалниот сајт на ФФМ.

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за распределба на средствата наменети за солидарна шема на УЕФА за сезоната 2024/25 во висина од 1.811.000 евра.

Средствата ќе бидат распределени на клубовите од Прва МФЛ кои ќе ги исполнат критериумите за натпреварувачата сезона (програма за развој и минимум правни информации).

Средствата ќе бидат распределени подеднакво, односно секој клуб ќе добие по 150.916,00 евра.

– Управниот одбор на ФФМ го усвои предлогот за назначување на Генерален секретар на ФФМ. Леонид Јандреоски е назначен за прв оперативец во „Куќа на фудбалот“ со мандат од четири години.

Леонид Јандреоски (02.10.1997) е дипломиран економист на економскиот факултет при УКИМ. Има завршено магистарски студии на економскиот факултет во Љубљана, во областа спортски менаџмент. Активно учество во организацијата на Европското првенство во фудбал до 21 година во Љубљана, Словенија 2021 година. Стекнат сертификат за напреден спортски менаџмент, едукативна програма организирана од МОК.

Работно искуство има во реномираната компанија А1 Македонија во делот на маркетинг комуникации, продолжувајќи го искуството во истата област од Универзал Медиа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот