Instagram

Уникатно решение за бездомници во Германија: Капсули за спиење со соларно напојување

Германскиот град Улм претстави уникатно решение за сместување на бездомници во текот на зимските месеци – капсули за спиење поставени во паркови и други места за кои градските власти се свесни дека преноќеваат бездомниците.

Градот Улм кој се наоѓа 75 милји од Минхен, капсулите ги нарече „UlmerNest“.

Кабините се направени од дрво и челик и можат да соберат вкупно две лица, кои можат да се заштитат од студ. Капсулите се обезбедени со циркулација на воздух.

Instagram
Instagram

Соларните панели обезбедуваат енергија, а постои и радио мрежа што ќе им овозможи на луѓето комуникација доколку немаат мобилен телефон.

Луѓето кои ќе ги користат кабините ќе можат да ги отворат без да мора да се регистрираат и ќе имаат можност да ги заклучат одвнатре.

Кога ќе се отворат, автоматски се известува социјален работник. На тој начин тој ќе може да ја посети кабината наутро.

Корисниците ќе можат да останат анонимни, а капсулите ќе ги одржува, чисти и поправа добротворната организација „Karitas Ulm Alb Donau“.

Instagram
Instagram

Видовме некои ефекти од овој проект за кои никогаш не сме сонувале дека може да се случат, како комшии кои наутро ги послужуваат со чај корисниците на кабините. Исто така, градските власти отсекогаш давале голема поддршка на проектот, за што сме многу благодрни“, вели Флоријан, еден од авторите на овој проект.

Тој додаде дека луѓето доаѓаат да се заблагодарат за обезбеденото засолниште и дека тоа навистина им значи многу на луѓето од организацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот