Плакат за изложбата во „Арт хаб“ во Скопје

Уникатни керамички скулптури од Боро Новаковски – Новак ќе бидат изложени во „Арт хаб“

Изложба на скулптури од керамика со наслов „Временски сензации“ на Боро Новаковски – Новак ќе биде отворена на 18 април (четврток) во Уметничкиот центар „Арт хаб“ во Скопје, ГТЦ, 2 кат, локал 306, со почеток во 20 часот.

На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на Боро Новаковски – Новак, чијашто кариера како керамичар започнува во средината на 50-тите години. Неговите првични обиди за изработка на керамички скулптури биле скромни, обидувајќи се да додаде украси и бои на грнчарски производи. Сепак, набрзо го менува овој приод, фокусирајќи се на изучување на керамичарскиот занает и создавањето на сопствени уникатни скулптури.

Делата на Боро се одликуваат со нежни линии и хармонични облици, отсликувајќи го неговиот интимен и личен пристап кон керамиката. Тие се трајни сведоци за неговата страст и посветеност на керамичарската уметност.

Оваа изложба нуди уникатен поглед во неговиот свет, каде што секоја скулптура раскажува своја приказна, проткаена со историја, уметност и емотивна длабочина.

За сите љубители на уметноста изложбата ќе трае до 18 мај 2024 година, известија од Уметничкиот центар „Арт хаб“ во ГТЦ, Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот