Хаг/ EPA-EFE/REMKO DE WAAL

Унгарија се повлекува од Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Унгарија објави дека се повлекува од Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг.

Унгарија денеска ќе го започне процесот на повлекување од МКС „во уставната и меѓународната правна рамка“, соопшти шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Гергељ Гуљаш.

Одлуката е соопштена за време на посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Посетата на Нетанјаху на Унгарија е прва на европска територија откако МКС издаде налог за апсење против него во мај 2024 година. Судот соопшти дека има „разумна основа“ да верува дека Нетанјаху е кривично одговорен за воени злосторства, вклучително и „гладување како метод на војување“ и „злосторства против човештвото“.

МКС нема свои овластувања за спроведување на законот, па затоа се потпира на своите земји членки за апсење и префрлање на осомничените во Хаг. Како потписник, Унгарија е должна да го уапси Нетанјаху.

Во спротивно, Унгарија ќе стане единствената земја од Европската Унија која нема да биде дел од МКС. Израел не е дел од судот, заедно со САД, Кина, Русија, Саудиска Арабија и други земји, пишува Си-ен-ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот