Унгарија: Барањето на МКС за апсење на Нетанјаху е неприфатливо

–Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека барањето на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за налог за апсење на израелскиот премиер е „неприфатливо“ и не може да се спроведе во Унгарија.

Гергели Гуљас на брифинг со новинарите, како што јави Ал Џезира, рече дека иако Унгарија, како верен сојузник на Израел, го ратификувала Римскиот статут на МКС, тој „никогаш не стана дел од унгарскиот закон“, што значи дека ниту една од мерките на судот може да се спроведе во Унгарија.

Обвинителот на МКС, Карим Кан, во понеделникот соопшти дека побарал налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот шеф на одбраната и тројца лидери на Хамас за наводни воени злосторства.

– Оваа одлука не е правна, туку политичка одлука, таа е неприфатлива и го дискредитира Меѓународниот кривичен суд, рече Гуљас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот