Плакат за изложбата „Просторни реадаптации 3“ на ДЛУМ

Уметнички проекти ќе ја реадаптираат Скопската плажа на кејот на Вардар во Скопје

Минатите две години се одржа изложбата со тематски наслов „Просторни реадаптации 1.0 и 2.0“ на Скопската плажа како место за културна практика, каде што група автори со своите мултидисциплинарни и инвентивни истражувања го трансформираа отворениот простор на некогашната Скопска плажа, преполнувајќи го со разновидни концепти кои нудат свежи перспективи и давајќи му нова смисла.

Затоа, повторно оваа година на 21 септември, од 20 часот, ќе се оствари ново поп-ап продолжение со наслов „Просторни реадаптации 3: Скопската плажа како место за културна практика“ со учество на повеќе автори кои имаат за цел да ги претстават и иновативно да ги реадаптираат сопствените дела во склоп на Скопската плажа, од којашто е оставена само металната конструкција како додаток за изложбено поигрување.

На третото издание на изложбата ќе учествуваат авторите Ивана Ќ. Самандова, Ана Спасова, Доротеј Нешовски, Дарко Алексовски, Игор Таневски, Озбег Ајваз, Ана Трајковска, Филип Ивановски-Пепе и Дамјан Јанковски, автори кои ќе ја приближат уметноста до секојдневието на граѓаните и ќе овозможат поблиско запознавање на македонските уметници и различните изведби на денешната современа уметност.

Изложбата ќе биде поставена на кејот на Вардар на 21 септември и ќе трае од 20 до 23 часот, а проектот е поддржан од Министерството за културa и туризам, извести Ана Трајковска од ДЛУМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот