/ Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот министер за внатрешни работи си поднесе оставка

Арсен Аваков, кој беше на функцијата министер од 2014-та година, денеска си поднесе оставка, не давајќи објаснување за неговата одлука, пренесува Ројтерс. 

За време на неговиот мандат, во Украина постоеле бројни приговори за полициската бруталност. Во Киев често биле организирани протести против Аваков, иако тој во минатото ја негираше неговата вмешаност во таквите дела. 

Оставката на Аваков мора да биде одобрена од страна на парламентот, што би се одлучило во четврток. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот