Украина Сарлинк

Украински напад врз Белгород, паника и прекин на струјата за илјадници Руси

Украинско гранатирање на рускиот регион Белгород ја оштети енергетската инфраструктура и предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија за илјадници жители, соопшти во понеделник гувернерот Вјачеслав Гладков, јави РСЕ.

„Иако снабдувањето беше обновено за околу 34.000 корисници, 5.400 во 24 општини сè уште беа без струја“, изјави тој на Телеграм. Белгород и другите погранични области се редовно цел на украински артилериски и дрон-напади од почетокот на војната во 2022 година. Украина не го коментираше инцидентот.

Москва тврди дека соборила над 250 украински дронови

Руското Министерство за одбрана соопшти дека преку ноќ собориле 251 украински дрон, главно над југозападниот дел на земјата и Црното Море. Министерството не објави податоци за евентуални штети.

Во меѓувреме, украински извори тврдат дека во Феодосија, на Крим, избувнал голем пожар по погодок на складиште за нафта, при што експлодирал резервоар за гориво. Ројтерс не можеше независно да ги потврди овие информации.

Зголемена готовност на НАТО

На 6 октомври Полска и НАТО мобилизираа борбени авиони и ги ставија копнените сили во висока готовност, откако Русија лансираше нов бран воздушни напади врз Украина, вклучително и во регионот Лавов. Потегот доаѓа еден месец по упад на руски дронови во полскиот воздушен простор, што доведе до пресретнување од страна на НАТО.

Според ОН, до крајот на август 2025 година, во Украина се регистрирани околу 50.600 цивилни жртви – 14.116 убиени и 36.481 повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот