Сателитска снимка од движењето на рускиот конвој кон Киев/ Фото: EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES HANDOUT -- MANDATORY CREDIT: SATELLITE IMAGE 2022 MAXAR TECHNOLOGIES -- THE WATERMARK MAY NOT BE REMOVED/CROPPED -- HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Украински извори: Над 210 Украинци се убиени, а над 1.100 ранети во руската инвазија

Повеќе од 210 Украинци се убиени, а над 1.100 се ранети откако Русија ја почна инвазијата врз Украина, соопшти денеска Канцеларијата на Народниот правобранител на Украина, пренесе Укринформ.

-На почетокот на четвртиот ден од војната, повеќе од 210 украински граѓани беа убиени, а повеќе од 1.100 се ранети, изјави комесарката за човекови права на украинскиот Парламент, Лидмила Денисова, која додаде дека од почетокот на руската инвазија секојдневно се регистрираат цивилни жртви.

Според Народната правобранителка, непријателот со невидена досега бруталност уништува куќи, болници, градинки и училишта, лишувајќи го правото на живот на синовите и ќерките на украинската земја, дури и на децата.

-Не постои ниту една норма на акт на меѓународното хуманитарно право што Русија не ја прекрши за време на нејзината инвазија на Украина. И за сите овие злосторства мора да сноси најстрога одговорност. Украина ги евидентира сите факти и ќе ги поднесе пред воениот трибунал во Хаг, рече Денисова.

Украинската омбудсманка ја повика меѓународната заедница и украинските партнери да продолжат да ги зајакнуваат економските и финансиските санкции против Русија за итен прекин на непријателствата и геноцидот врз украинскиот народ.

-Ние сме ви благодарни за одлуката да го исклучите агресорот од SWIFT. Следниот чекор треба да биде воведување зона на забранети летови над Украина, што ќе помогне да се избегнат воздушните напади врз цивилни цели. Украина се бори! Украина ќе победи”, рече Денисова, пренесе Укринформ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот