
ФОТО | Украинка е новата девојка на Леонардо Дикаприо! Има само 22 години
Откако нагло ја прекина четиригодишната врска со манекенката Камила Мороне (25), познатиот холивудски актер Леонардо Дикаприо (47) не губи време. Холивудскиот заводник е виден во Сент Тропе во друштво на мистериозна 22-годишна убавица на една забава, а тоа се случило во исто време кога таа почнала да го користи своето моминско презиме откако се разведе од сопругот, чиј дедо бил поддржувач на Моамер Гадафи.
Препорачано
View this post on Instagram
Како што пишува „Дејли мејл“, станува збор за Украинката Марија Берегова (22) која долетала на југот на Франција откако се разведе од сопругот Ахмед Масуд Абделхафид (30). Нејзиниот поранешен сопруг води голема имотна и модна империја во Монако, внук е на министерот за внатрешни работи и лојален слуга на Гадафи.
Масуд Абделхафид беше наречен и „десна рака“ на либискиот диктатор Гадафи и се нарекува „одечка енциклопедија“. Откако Гадафи беше соборен и убиен, Масуд Постариот побегнал во Каиро каде наводно починал од болест во 2015 година.
Берегова, пак, пораснала во Швајцарија, учела во приватен интернат, а во моментот живее во Лондон, каде што студира за да може да ја преземе семејната фармацевтска компанија.
View this post on Instagram
Сега објавила неколку фотографии од Сент Тропе, а се пофалила и со својата луксузна соба од Вила Белроуз, каде една ноќ чини 1.220 долари. Украинката е видена облечена во мини фустан од Нома Камали и сребрени потпетици кои чинат околу 1.100 долари.
Не е познато кога дошло до развод од сопругот и дали е тој договорен и дали има спогодба меѓу нив, но се верува дека бракот завршил во Монако каде живеел парот. Братот на Абделхафид, Масуд (32) се ожени, пак, со Русинката Анастасија Фукс (27) во 2016 година на раскошна церемонија на француската ривиера, а невестата имаше венчаница од 5.000 долари.
За нив, исто така, не се знае дали сè уште се заедно, а Фукс е, инаку, наследничка на украинско-рускиот олигарх Павел Фукс, магнат кој е важен за Владимир Путин.
View this post on Instagram
Леонардо Дикаприо е забележан како се забавува во Сент Тропе во друштво на актерот Тоби Мегваер, кој исто така бил дел од екипата наречена „Pussy Posse“, која жестоко се забавувала во Њујорк во 90-тите. Некои од членовите на таа група ги вклучувале и Дејвид Блејн, Џеј Фергусон, Џош Милер, Ерхан Супле и Скот Блум.
Дикаприо и Мороне раскинале на почетокот на летото, „тивко“.
– Лео и Камила раскинаа летово. Тие се разделија пријателски, тоа беше природен крај на работите – рекол извор за „Дејли мејл“.
View this post on Instagram
Сега веќе поранешната двојка првпат се запознала во 2008 година кога таа имала само 12 години. Ги запознач долгогодишниот пријател на Дикаприо, Ал Пачино, кој со години беше во врска со мајката на Камила, Лусила Соло, а Дикаприо остана пријател со семејството на Камила.
Тие официјално почнаа да се забавуваат во 2017 година, откако тој раскина со манекенката Нина Агдал неколку дена пред Филмскиот фестивал во Кан. Подоцна, Лео и Камила можеа да се видат заедно во јавност, а се појавија и на роденденската забава на Елен Деџенерис и се бакнуваа на фестивалот „Коачела“. Сепак, на љубовта и дојде крајот, а јавноста се шегува на сметка на Дикаприо, тврдејќи дека на сите негови љубови „им истекува рокот на траење“ кога неговите девојки ќе наполнат 25 години.
ФОТО | Камила Мороне „уловена“ на плажа: Девојката на Дикаприо е природна убавица
Само помлади од 25 години: Леонардо Дикаприо и Камила Мороне се разделија по 4 години врска