Украинците тврдат дека синоќа собориле над 40 руски дронови

Украина дронови / Фото EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Русија во текот на ноќта лансираше вкупно 48 беспилотни летала кон Украина, а повеќето од нив беа соборени, соопшти денеска украинското воздухопловство.

Во соопштението се додава дека украинските системи за противвоздушна одбрана уништиле 41 беспилотно летало пред да стигнат до целта.

Украинската армија објави дека сите уништени беспилотни летала „Шахид“ од иранско производство се камикази. Не е прецизирано што се случило со беспилотните летала кои не биле соборени, ниту дали има штета или жртви во овие напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот