Украинците со дронови нападнале енергетски објекти кај рускиот град Смоленск

фото: Телеграм, Украина го нападна Крим

Според извештаи на руските власти и медиуми , Украина ноќеска употребила беспилотни летала за да нападне енергетски објекти во регионот Смоленск, на 400 километри западно од Москва, јави ДПА.

-Нашиот регион повторно беше цел на напад со украински дронови, изјави рано утринава гувернерот на Смоленск, Василиј Анохин, пренесен од руските медиуми.

Градоначалникот Анохин појасни дека била употребена руската противвоздушна одбрана,  додавајќи дека нападот врз енергетските објекти предизвикал пожари.

Овие информациите првично не можеа да бидат проверени од независен извор.

ДПА пренесува дека напад со дрон бил регистриран и во западниот руски град Липецк. Дронот се урнал во индустриската област и во инцидентот нема жртви, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на гувернерот на регионот.

Русија, која веќе над две години води војна против соседот Украина, се повеќе е на удар на украинските дронови, особено во пограничните области. Меѓутоа, штетите и бројот на жртвите се несразмерно помали во однос на масакрот во Украина, појаснува германската агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот