Фото: EPA-EFE/ALISA YAKUBOVYCH

Украина сака преговори без ултиматуми, Велика Британија ѝ го поддржува ставот

Украина е исклучиво за „реални” преговори со Русија за нејзината воена офанзива, без какви било ултиматуми, изјави денеска Микаило Подољак, советникот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Подољак ја нарече „пропаганда” одлуката на Москва да испрати делегација во Белорусија на преговори.

Официјален Кремљ претходно соопшти дека руска делегација веќе пристигнала во Гомел во соседна Белорусија, каде ги чекала Украинците.

Зеленски ги отфрли предлозите за разговори во Белорусија, притоа обвинувајќи го Минск затоа што дозволува руски трупи оттаму да влегуваат на украинска територија. Сепак, тој не ја исклучува можноста за разговори на друго место.

„Тие пристигнаа во Гомел знаејќи дека тоа е бесмислено. И сега велат чекаме”, рече советникот Михаило Подољак. Позицијата на Зеленски останува непроменета „само вистински преговори, без ултиматуми”, вели Зеленски.

Во меѓувреме, британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, изјави дека не може да има разговори со Русија за Украина додека има руски војници на украинска територија.

„Доколку Русите се сериозни за преговори треба да ги повлечат своите војници од Украина. Не може да преговараат со вперен пиштол на главата на Украинците… искрено не верувам во овие таканаречени напори за преговори, изјави таа.

„Се плашам дека ова ќе трае долг период, ова може да трае неколку години. Русија има јаки сили и знаеме дека Украинците се храбри, тие се решени да застанат во одбрана на нивниот суверенитет и територијален интегритет и решени се да се борат”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот