
Украина : Кој ќе биде одговорен за цивилните жртви во Киев?
Кој ќе биде одговорен за цивилните жртви и разурнувањата на зградите и другите цивилни објекти во Украина откако украинските градови и цивилни области станаа поле на интензивна борба меѓу Русите и Украинците.
Препорачано
По нешто повеќе од месец дена на воени дејствија во земјата, станува очигледно дека во Украина се извршени бројни воени злосторства и разурнувања на згради и други цивилни објекти. Сосема јасно дека некој ќе треба да одговара за тешките повреди на меѓународното право и за хуманитарната катастрофа која предизвика смрт на голем број цивили, илјадници ранети и неколку милиони бегалци.
Ваквите нејаснотии се актуелизираа периодов особено откако руските сили го стегаат обрачот околу престолнината Киев и другите поголеми места од една страна а во исто време Украинците со распоредување на воената техника во внатрешноста на градовите за одбрана, предизвикаа населените места да бидат легитимна воена цел за Русите.
„Сè повеќе, Украинците се соочуваат со непријатна вистина. Разбирливиот импулс на војската да се брани од руските напади може да ги стави цивилите на домет. Практично секое соседство во повеќето градови стана милитаризирано, некои повеќе од другите, што ги прави потенцијални цели за руските сили кои се обидуваат да ја елиминираат украинската одбрана“ ,пишува Вашингтон пост.
Во меѓувреме украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко ги обвини Русите за терор и агресија велејќи дека бомбардирањето на цивилни цели во Киев но и останатите украински градови е воен злочин за кој треба да се одговара.
„Тие само напаѓаат во станбени згради. Овде не нема воени цели или војска. Ова е вистински терор“ – посочи Гончаренко.