Украина ја зајакнува одбраната од рускиот напад на Часов Јар

фото МИА

Врховниот командант на украинските сили, Олександр Сирски, изјави дека украинските војници кои го бранат градот Часов Јар, фокусот на конфликтот на источниот фронт, добиле дополнително оружје за подобро да го блокираат пенетрацијата на руската армија, која сака да го заземе стратешкото место.

Преземени се мерки за значително зајакнување на бригадите со муниција, беспилотни летала и опрема за електронско војување“, напиша тој на Фејсбук и рече дека ги посетил наведените единици.

Тој синоќа изјави дека ситуацијата на фронтот „значително се влошила“, што укажува дека руските војници го зголемиле притисокот во правец на Часов Јар.

Ако руските трупи го окупираа тој град, ќе имаа шанса да напредуваат во регионот. Градот на висока надморска височина се наоѓа на помалку од 30 километри од Краматорск, главниот град на зоната под контрола на Украина и важен железнички и логистички центар за украинската војска.

Сирски изјави денеска дека Русија ги концентрира своите сили за да ја пробие украинската одбрана западно од Бахмут, град кој Русите го зазедоа минатиот мај по особено крвава и разорна битка.

Тој рече дека целта на руската воена команда е да го заземе Часов Јар пред 9 мај, кога Русија го слави Денот на победата над Германија.

Како што рече, Русија сака да создаде услови за подлабоко навлегување кон Краматорск.

Во последните недели Русија ги засили бомбардирањата на пограничниот регион Харков, каде што се наоѓа истоимениот град, втор по големина во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот