Украина е помалубројна, „надоружана“, приземјена од немилосрдната Русија

Украина / Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Како што војната во Украина влегува во третата година, пешадијата на 59-та бригада се соочува со мрачна реалност, им снемува војници и муниција за да им се спротивстават на руските напаѓачи.

Командантот на украински вод со кодно име „Тигр“ проценува дека само 60-70% од неколкуте илјади луѓе во бригадата на почетокот на конфликтот сè уште служат. Останатите се убиени, ранети или пуштени дома поради старост или болест.

Украина војна / Фото EPA-EFE/STAS KOZLIUK

Тешките жртви кои ги даваат украинските сили се надополнуваат со ужасните услови на источниот фронт, замрзнатата почва се претвора во густа кал на повисоки температури, правејќи хаос меѓу редовите на војниците.

„Времето е постојано променливо – дожд, снег, дожд, снег. Луѓето се разболуваат од обичен грип или ангина. Тие се надвор од акција некое време и нема кој да ги замени“, вели еден од командантите распоредени на линијата на фронтот, пренесува „Ројтерс“.

Русија на Владимир Путин изминатиот период бележи успеси во конфликтот што комбинира рововска борба која многу наликува на сцена од Првата светска војна но сега пронижана со високотехнолошки орудија како беспилотни летала што уништуваат десетици илјади воени возила.

Москва оствари мали придобивки во последниве месеци и забележа голема победа викендот кога ја презеде контролата врз Авдиивка во жестоко оспоруваниот источен регион Доњецк.

Портпаролот на 3-та одделна јуришна бригада, една од единиците што се обидоа да го задржат градот, рече дека соодносот на напаѓачите и бранителите во оваа битка бил седум према еден.

Ројтерс разговараше со повеќе од 20 војници и команданти во пешадија, беспилотни летала и артилериски единици на различни делови од фронтот долг 1.000 километри во источна и јужна Украина.

Иако сè уште се мотивирани да се борат против руската окупација, тие зборуваа за предизвиците за задржување на поголемиот и подобро вооружен непријател, бидејќи воената поддршка од Западот забавува и покрај молбите за повеќе оружје и муниција од страна на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Киев во голема мера се потпира на пари и опрема од странство за да ги финансира своите воени напори, но со помошта од 61 милијарда долари од САД што ја кочат републиканците во Вашингтон, Украина сега се чини дека е поранлива отколку на почетокот на инвазијата.

На Украина најмногу ѝ е потребна муниција за хаубиците што ги доби од САД – Фотографија ЕПА, Сергеј Козлов

Артилериските гранати се исто така дефицитарни како резултат на неможноста на западните земји да го задржат темпото на испораки за издолжена војна.

Покрај паузата за снабдување со САД, ЕУ призна дека нема да успее во намерата да испорача милион гранати на Украина до март.

Москва сега контролира речиси една петтина од украинската територија, вклучувајќи го и полуостровот Крим што го анектираше во 2014 година, дури и ако првите линии на војната во голема мера стагнираат во последните 14 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот