УЕФА со невиден формат за завршницата во ЛШ!?

Доколку овој предлог се прифати на состанокот на Извршниот одбор на УЕФА на 17 јуни, Лигата на шампионите би требало да продолжи на 8 август..

Шпанската „Марка“ објавува интересни информации поврзани за продолжувањето на сезоната во Лигата на шампиопните и Лигата на Европа.

Изворот дознава дека од европската куќа на фудбалот подготвуваат формат кој ќе се применува за финишот во УЕФА клупските натпреварувања сезонава (2019/2020).

Со работна група ангажирана за календарот на натпреварувањата, која има идеја во четвртфиналето на ЛШ да се игра еден натпревар, а потоа се организира Фајнал-фор турнир во Истанбул, со најдобрите четири европски фудбалски екипи во Турција.

Доколку овој предлог се прифати на состанокот на Извршниот одбор на УЕФА на 17 јуни, Лигата на шампионите би требало да продолжи на 8 август, а ЛЕ два дена порано во истиот формат.

Ваков развој на ситуацијата неодамна најави и претседателот Александар Чеферин, првиот човек на европскиот фудбал.

Разгледуваме опции за ЛШ и ЛЕ, двојките би можеле да одиграат само еден натпревар, на неутрален терен или домаќинот да се одреди со ждреб. Преостанатите опции се победниците да ги дознаеме со играње на Ф4 или Ф8 – рече Словенецот Чеферин.

Што се однесува до самото четвртфинале на ЛШ, таму се веќе Атлетико Мадрид, ПСЖ, Салцбург и Аталанта. Останатите четири клубови ќе бидат познати после одигрувањето на реванш осминафиналните дуели: Манчестер сити-Реал Мадрид (2:1), Јувентус-Лион (0:1), Баерн-Челси (3:0) и Барселона-Наполи (1:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот