Клубовите повеќе нема да бидат казнувани за пиротехничките перформанси на нивните навивачи/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

УЕФА пред историска одлука: Ќе дозволи пиротехника на стадионите?

Европската фудбалска федерација (УЕФА) сериозно ја разгледува можноста за укинување на забраната за употреба на пиротехнички средства во натпреварувањата под нејзина надлежност.

Според грчките медиуми, УЕФА е многу блиску до донесување на одлука со која нема да ги казнува екипите кога нивните навивачи ќе употребат пиротехнички средства на стадионите.

Предлогот кој се разгледува и најверојатно ќе биде одобрен е пиротехничките средства да се користат со почитување на строгите и безбедносни правила и тоа на однапред одреден сектор на трибините.

Причина за евентуалното донесување на ваква одлука се големите казни кои ги плаќаат клубовите поради пиротехничките перформанси на нивните навивачи кои не се откажуваат од својата традиција.

Поради тоа, челниците на УЕФА сметаат дека компромисот е најдобро решение, кои сигурно би им се допаднало на навивачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот