Снег на Водно / Фото: Слободан Ѓуриќ - Слободен печат

ВИДЕО + ФОТО | Убава снежна глетка утрово на Водно, може да се види и маглата

Снежна убавина утрово и на Водно. Првата снежна прекривка можеше да се види утрово од камерите на Водно поставени од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Покрај снежната покривка, може да се види и магла.

Снег на Водно / Фото: Слободан Ѓуриќ – Слободен печат

И тетовци утрово можеа да уживаат во убава снежна белина. На Јутјуб-каналот на Здружението за промоција на македонски ски-центри, „Ски Македонија“, каде се емитува видео во живо од Попова Шапка, може да се види дека во текот на ноќта имало врнежи од снег.

Студениот воздушен бран што од вчера ја зафати земјава донесе врнежи од снег и на Маврово.

Поради задржување снег на коловозите вчера имаше воведено забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патиштата од Маврово за Дебар и од Гостивар кон Стража.

Во прекин е сообраќајот кон Деве Баир, камион излетал од патот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот