Минхен автомобил влетал во толпа луѓе фото EPA-EFE/vifogra / Paul

Уапсениот Авганистанец призна дека намерно влетал со автомбил во насобраните луѓе во Минхен

Авганистанскиот државјанин призна дека намерно влетал со автомобил меѓу демонстрантите во Минхен, а властите утврдиле дека злосторството имало исламистичка позадина, соопшти денеска обвинителството.

Во инцидентот се повредени најмалку 36 лица, вклучително и едно дете.

„Тој призна дека намерно влетал меѓу демонстрантите. Внимателна сум со донесувањето избрзани заклучоци, но врз основа на сите информации што ги имам досега, можам да кажам дека злосторството имало исламистички мотив“, рече обвинителката Габриела Тилман на прес-конференција.

Инцидентот се случил вчера околу 10 часот и 30 минути кога возачот го забрзал својот автомобил, а потоа удрил во демонстранти во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците „Верди“.

Напаѓачот е идентификуван како Фархад Н., 24-годишен Авганистанец кој дошол во Германија во 2016 година за да побара азил. Како што пренесува германски „Билд“, тој е роден во 2001 година во Кабул, Авганистан, а од неодамна живее во областа Лаим во Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот