Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Уапсени двајца криминалци кои го уценувале семејството на Шумахер и барале 15 милиони евра од нив
Двајца криминалци се обиделе да изнудат поголема сума пари од семејството на Михаел Шумахер, но биле уапсени пред да им бидат предадени парите, соопшти државното правобранителство во Вупертал, Западна Германија.
Препорачано
„Двајца осомничени од Вупертал сакале да го уценат семејството на Михаел Шумахер за големи суми пари, тврдејќи дека поседуваат материјал кој семејството не сака да биде објавен“, соопшти јавното обвинителство во Вупертал.
Осомничените, кои беа уапсени минатата недела, се заканија дека доколку семејството не ги плати парите, материјалите ќе ги објават на „дарквеб“. Станува збор за татко (53) и син (30) на кои веќе им е изречена условна казна за друго кривично дело. Весникот Билд пишува дека осомничените сакале да изнудат 15 милиони евра од семејството Шумахер.
Во соопштението на обвинителството се наведува дека истражителите стигнале до осомничените со употреба на „технички мерки“ кои откриле од каде дејствувале сторителите. Во 2017 година веќе имаше обид за уцена на семејството Шумахер, а потоа 25-годишен маж беше осуден на условна казна.
Поранешниот повеќекратен светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, претрпе тешки повреди на главата на скијање во 2013 година и оттогаш многу малку се знае за неговото здравје. Семејството силно ја брани неговата приватност.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
48сек
-
10мин
-
31мин
-
51мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5