Старџен и сопругот / Фото ЕPA-EFE/ROBERT PERRY

Уапсен сопругот на поранешната шкотска премиерка

Сопругот на поранешната прва министерка и лидерка на Шкотската национална партија(СНП), Никола Старџен, е уапсен во врска со истрага за финансирање на СНП, соопшти шкотската полиција, пренесува „Гардијан“.

„Еден 58-годишен маж денеска, среда, 5 април 2023 година, е уапсен како осомничен во врска со тековна истрага за финансирање на Шкотската национална партија. Мажот е во притвор и е испрашуван од детективите на шкотската полиција“, се вели во полициското соопштение.

Полицијата додава дека во рамките на истрагата се вршат и претреси на повеќе адреси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!