Апсење / лисици / Фото: МИА

Уапсен скопјанец кој поседувал пиротехника без документација

Полицијата го уапси 65-годишниот К.П.К од Скопје, на наплатната станица Сопот, на автопатот Скопје – Велес, бидејќи кај него се пронајдени 940 парчиња огномет за кои не поседувал соодветна документација.

– На 03.06.2025 во 11.20 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода К.П.К.(65) од Скопје. По претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки, извршен е преглед на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што се пронајдени и одземени 940 парчиња огномет за кои не поседувал соодветна документација и за кој по извршени проверки е утврдено дека има решение за привремена забрана за вршење на дејност – се вели во соопштението од МВР.

К.П.К е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот