Приведен напаѓачот на европратеникот Фреди Белери во Тирана/Фото: Ора Њуз

Уапсен напаѓачот на европратеникот Фреди Белери во Тирана

Албанската полиција го уапси лицето кое вчера при посетата на Фреди Белери го нападна европратеникот при излегувањето од зградата на Собранието во Тирана, каде беше во посета како дел од официјалната делегација на Европскиот парламент.

Инцидентот се случил пред Собранието, каде граѓанин откако го следел, фрлил кон него јогурт и го удрил со јајце.

Напаѓачот денеска е проведен и спроведен во полиција за да даде изјава за инцидентот.

Се работи за Дилавар Нела е редовен демонстранти на политичките митинзи и досега ги таргетирал сите албански партии. Во март 2019 година, на митинг на демократите, Дилавар Нела се појави со три тави на главата, симболизирајќи, како што рече, Социјалистичката партија (ПС), Демократската партија (ПД) и Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ, сега ПЛ). „Ја нема Албанија, има три тави“, рече тој.

Делегацијата на Европскиот парламент за стабилизација иасоцијација, ЕУ-Албанија, вчера ја започна мониторинг посетата на Албанија и ќе престојува до 31 октомври.

Поранешниот градоначалник на Химара, кој не ја извршуваше оваа функција ниту еден ден, Фреди Белери беше избран за европратеник на последните избори за Европскиот парламент, додека беше во затвор, осуден за купување гласови.

ВИДЕО | Појадок заврши во костумот на европратеникот Белери, гаѓан е со јајца и јогурт откако излезе од парламентот во Тирана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот