Апсење / лисици / Фото: МИА

Уапсен „Ел Гордо“, албанскиот нарко бос во Колумбија, баран во 180 земји во светот

Колумбиската полиција уапси Албанец, кој е обвинет за поврзаност со групи за шверц на дрога во јужноамериканската земја. Според пишувањата на колумбиските медиуми, на Бесник Николи, познат во латинската земја со прекарот „Ел Гордо – Дебелиот“, е приведен. Според колумбиската полиција, Николи од 2021 година имал налог за апсење издаден од француските власти и бил на листата на најбарани лица од Интерпол, пренесува А2 CNN Albania.

Според колумбиските истражители, Николи имал врски со криминални групи во Франција, Албанија, Холандија и Германија. Според она што е објавено во колумбиските медиуми, тој бил присутен во земјата за да најде врски со различни групи за шверц на дрога во земјата. Во тамошните локални медиуми се објавени моментите на неговото апсење во градот Санта Марта, во северната колумбиска провинција Магдаела. Николи е виден додека му се проверуваат документите, а потоа е уапсен од локални полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот