Полиција во САД/Фото: Профимедиа

Уапсен е маж од Флорида, кој подметнал пожар во Лос Анџелес кога загинаа 12 луѓе

Маж од Флорида е уапсен под сомнение дека предизвикал смртоносен пожар во населбата Пацифик Палисејдс во Лос Анџелес, во кој животот го загубија 12 лица, потврди денес службено лице запознаено со случајот, пишува Си-ен-би-си Њуз.

Осомничениот се соочува со три федерални кривични обвиненија, а апсењето се случило по обемна истрага од страна на Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF), Противпожарната служба на Лос Анџелес (LAFD) и локалната полиција (LAPD).

Детали за мотивите и идентитетот на уапсениот сè уште не се објавени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот